Струга заборави да победува, Башкими ја продолжи мизеријата на Шкупи (ВИДЕО)
Двете екипи понудија интересен фудбал во првото полувреме, при што беа создадени по неколку шанси, но голманите беа на висина на задачата.
Струга ја презема контролата во второто полувреме и играше во добар ритам, но Брера успешно се бранеше од нападите и успеа да освои важен бод.
Шкупи успешно се бранеше од нападите на гостите од Куманово, а мрежите мируваа во првото полувреме (0-0).
Башкими, сепак, го отвори резултатот преку Никел Роналдо Ор во 52. минута, а потоа погоди и Рибеиро за триумф на кумановчани од 2-0.
Фото: ФК Струга
Standings provided by Sofascore