„Два од два“ за младите фудбалерки: Спасовска и Балла му пресудија на Луксембург

Македонската женска репрезентација до 17 години денеска триумфираше против Луксембург (2-0) за втора победа на квалификацискиот турнир кој се игра во Струмица.

Лана Спасовска во 17. минута од натпреварот погоди за водство на Македонија од 1-0, а девет минути подоцна Лаила Балла стрелаше за победа од 2-0.

Младите фудбалерки третиот меч од квалификациите ќе го одиграат против Северна Ирска на 6 март од 13 часот во Струмица.

По две одиграни кола, Македонија и Северна Ирска имаат по шест освоени бодови, додека Грузија и Луксембург се без поени.