Иран скапо ќе плати ако се откаже од СП, колку подолго чека - толку полошо!
Иранците разгледуваат можност да се повлечат од Светското првенство, чиј доминантен домаќин ќе бидат Американците, државата која започна воен напад врз Иран минатата сабота.
Претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Тај, истакна дека откажувањето е веројатно, а доколку се случи, Иран на Мундијалот би го заменил или Ирак, кој обезбеди интерконтинентален бараж и најдалеку стигна од азиските селекции кои не се пласираа на Мундијалот, или Обединети Арапски Емирати, кои завршија во групата веднаш зад Иран.
Доколку тоа се случи, Иран ќе мора да плати казна на ФИФА. Правилата се јасни и се однесуваат на времето на откажување на настапот на Мундијалот. Ако Иран се откаже од настап во последниот месец пред почетокот на натпреварувањето, казната изнесува 642.000 долари, односно 535.000 евра, додека пак ако се повлечат порано ќе платат 276.000 долари.
Покрај тоа, Фудбалската федерација на Иран би останала без најмалку 10,5 милиони долари (9,05 милиони евра) за самиот настап на Мундијалот. ФИФА ја наградува секоја репрезентација која учествува во групната фаза со 7,76 милиони евра, плус дополнителни 1,3 милиони евра за трошоци за подготовки.
Фото: EPA