
„Подмладувањето е природен процес, сите добро се познаваме и ќе дадеме сѐ од себе“
Андооски како што вели, иако има нови лица во репрезенацијата, сите добро се познаваат и играле заедно, па затоа верува во добро издание на Македонија.
„Повеќето од нас добро се знаеме, имаме играно заедно, како во младинските репрезентации, така и во сениорската. Оттука сметам дека тие два контролни натпревари ќе ни бидат добредојдени, за да се подготвиме подобро, и да влеземе што посилно во битните дуели“
За подмладувањето Андоновски смета дека е еден природен процес кој секогаш мора да помине во одреден период.
„Ќе дадеме се од себе. Јас лично како играч, а сигурен сум и дека сите мои соиграчи кои што се тука, исто така. Тоа што репрезентацијата е подмладена, е еден природен чекор кој што доаѓа со времето. И сите сме спремни за тоа. Подготвени сме за да го издржиме притисокот кој со себе го носат наредните предизвици“.
По подготовките во Скопје, репрезентацијата ќе оди во Гевгелија каде што ќе одиграме пријателски средби со Швајцарија.