Тежок удар за центарци: Се повреди еден од најстандардните, Работнички остана со седум сениори!

Работнички се соочува со големи проблеми откако се повреди и поранешниот младински репрезентативец Филип Наков, со што скопскиот тим останува само со осуммина кошаркари.

Наков го повреди коленото и нема да настапи на денешниот натпревар против Ангели, а за сабота е закажан лекарски преглед по кој ќе се знае за што точно се работи и колку, евентуално, ќе отсуствува.

Отсуството на Наков на подолг рок ќе создаде нови проблеми за тренерот Владимир Мирковски, зашто без него Работнички остана со седум достапни сениори.

Наков е еден од најстандардните во тимот на Работнички, односно досега настапи на 19 натпревари, а повеќе (20 меча) од него одигра само капитенот Виктор Ефремовски.