Иран сака да игра на Мундијалот, но ќе го бојкотира САД
Иран го повтори своето барање да не ги игра натпреварите во САД, односно најави бојкот затоа што земјите се во војна.
„Ние ќе почнеме со подготовки за Мундијалот. Тренинг-кампот е закажан во Турција, каде ќе одиграме два пријателски натпревари“, кажа тој.
Иран требаше сите три натпревари да ги игра во САД, односно дуелите против Нов Зеланд и Белгија беа закажани во Лос Анџелес, а мечот против Египет во Сиетл.
Од земјата веќе беше побарано да не играат во САД, а ФИФА го одби барањето, но одлуката сè уште не е конечна.