
Aнглиско дерби за Родриго, Реал Мадрид ја одреди цената
Тоа можеше да се види и на Светското клупско првенство, а за Бразилецот има заинтересирани. Според „АС“ најголем фаворит за потписот на Родриго е Ливерпул.
Но, исто така и Арсенал се поврзуваше со потенцијален ангажман. Но, ако некој сака да го доведе ќе мора да плати 100 милиони евра, тоа е цената која ја одредиле во Мадрид.
Ситуацијата ја следи и Баерн кој на почетокот на летото за таа позиција сакаше да доведе некој од Вирц и Вилијамс, но првиот се пресели во Ливерпул, а вториот го продолжи договорот со Атлетик Билбао. Сепак, во Баерн не сакаат да потрошат повеќе од 70 милиони евра и поради тоа како опција која е повеќе реална се споменува Луис Дијаз.