Митев: Денеска одевме на сè или ништо!

Македонската ракометна репрезентација денеска оствари важна победа против Катар на Мундијалот, а еден од најдобрите на теренот беше Марко Митев.

Ракометарот на Алкалоид натпреварот го заврши со пет постигнати погодоци, а кога е натпреварот со Франција во прашање порача дека ќе излезат на терен мотивирани да го изненадат големиот фаворит.

„Сакам да се заблагодарам на целата поддршка за навивачите кои беа тука и оние пред ТВ екраните. Против Катар одевме на се или ништо, овој натпревар значеше многу за нас. Франција е фаворит, но ние ќе даддеме се од себе и ќе се обидеме да изненадиме. Имаме два дена да се подготвиме и да се прикажеме во најдобро светло. Тука сме дојдени тука за да се победува, не да се губи. Сите ќе бидеме фокусирани и ќе дадеме максимум да изненадиме зошто да не“, изјави Митев.

Натпреварот против Франција го играме в сабота во терминот од 20:30 часот.