
Лазаревски: Полно ми е срцето, горд сум што сум - Македонец!
Лазаревски вели дека кога се игра за Македонија нема штедење, се игра до крај, до последните сили.
„Без разлика на крајниот резултат, кога играм за Македонија не ми паѓа на памет да ја дозирам или да ја темпирам силата. Тоа би било луксуз пред овие гледачи кои дојдоа во салата да не бодрат, тие заслужуваат да го дадеме и последниот атом од силата“, рече Лазаревски.
„Во овие квалификации ни недостасуваа некои важни играчи, но и покрај тоа дојдовме до место на Европското првенство. Формата на Македонија допрва ќе се крева и знам дека нема да ја разочараме нацијата“.
„Горд сум што сум Македонец, благодарен сум на целата нација. Полно ми е срцето“.