„Бомба“ од Олд Трафорд: Куња пристигна во Јунајтед за 62,5 милиони фунти

Англискиот гигант Манчестер јунајтед го ангажира првото големо засилување за следната сезона, а тоа е Матеус Куња кој пристигнува од Вулверхемптон во трансфер вреден 62,5 милиони фунти.

Трансферот беше најавен уште пред неколку дена, а „црвените ѓаволи“ конечно официјално го потврдија преку своите профили на социјалните мрежи, со тоа што беше откриено дека Куња ставил потпис на петгодишна соработка.

„Ѓаволите“ ја завршија сезоната на 15. место во Премиер лигата со само 42 освоени бодови, а исто така го загубија финалето во Лига Европа од Тотнем.

Фото: Instagram/Fabrizio Romano