Екипата на Вардар по две години пауза го врати трофејот во Скопје со победа во финалето во Охрид со 31-27 и така дојде до својот 17-ти трофеј во ова натпреварување.

Гогов на голот на Вардар одлично го започна натпреварот и со две интервенции во низа помогна Вардар брзо да направи преднст која ја одржуваше до крајот на првиот дел.

Избраниците на Милано веќе во 8-та минута стигнаа до водство и од четири гола разлика (6-2), тогаш Раул Алонсо на спротивната страна го искористи правото на прв тајм-аут.

Не помогна ниту тајм-аутот и Пелистер одново не го реалзираше својот напад, па Вардар со  гол Хориха дојде до тој момент највисоките „плус пет“. Серијата на „црвено-црните“ ја прекина Кузмановски во следниот напад.

Тоа беше почеток и на период на добри минути на пелистерци, кои се доближија до „минус еден“, но Вардар набрзо одново ја врати предноста од три гола (10-7) со кои влезе во вториот дел од првото полувреме. Во продолжение Пелистер никако не успеваше да намали под два-три гола негатива, па во завршните пет минути од полувремето на семафорот стоеше 14-11.

Со голот на Јагуриновски во последните секунди од првото полувреме Вардар на одмор замина со предност од 17-14.

Почетокот на второто полувреме донесе слична слика како и стартот на натпревар, Вардар одново дојде до највисоките „плус пет“ (21-16)  и тука Алонсо исто така го искористи правото на тајм-аут.

Не се промени сликата на теренот и по советите од Шпанецот, не помогна за Пелистер и тоа што одлично издание имаа крилата Манасков Радосављевќ кој до 40-тата минута постигнаа дури 11 од головите на битолскиот состав. Радосављевиќ беше перфектен  со „шест од шест“, додека Манасков додаде пет.

Вардар во тој период и понатаму ја одржуваше сигурната предност (23-19). Како што одминуваше времето стануваше јасно дека Пелистер нема сили за некаков пресвт, последната можност за надеж за враќање во натпреварот Пелистер ја пропушти во 58-та минута кога не успеа да реализира напад за „минус два“ со што можеше да се влезе во неизвесна завршница. На крајот Вардар славеше победа со 

Радивојевиќ го заврши натпреварот како најефикасен со осум гола, Манасков постигна седум, додека кај Вардар по шест постигна Крсманчиќ и Јагуриновски.

Со овој триумф Вардар по две години го врати куп трофејот и дојде до вкупно 17-тиот со што само ја зголеми предноста на врвот како најтрофеен, Пелистер има пет, а последниотбитолскиот состав го освои пред 20 години во 2005 година. Зад Вардар е Металург кој шест пати се радувал на трофејот.