
Славниот турски готвач избркан од прославата на титулата на ПСЖ (ВИДЕО)
На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како Гекче, заедно со своите пријатели, се обидува да влезе во објектот во кој се одржува прославата, но обезбедувањето не само што не го пушта, туку и го турка назад. Готвачот, сепак, демантираше дека дошол на забавата и дека е избркан, туку таму пристигнал случајно, а можноста ја искористил да се дружи со своите фанови на кои потоа им делел автограми.
„Шпекулациите на социјалните мрежи дека Нусрет е избркан не се вистинити. Всушност, таму немаше забава и јас не бев повикан на некој настан. Само поминував и некој глумеше дека во позадина се случува нешто. Но, информациите дека сум бил избркан се неточни и тоа е атак на мојата репутација“, тврди Гекче.
Тој е познат како љубител на спортот, но често ја минува границата на примерно однесување и има желба да биде во центарот на вниманието на големите настани. Најдобар пример за тоа е прославата на титулата на аргентинската репрезентацијата на Светското првенство во Катар кога се симна на теренот и се однесуваше како да е дел од официјалната делегација на „гаучосите“, држејќи го притоа и шампионскиот трофеј.