Го сакаа Јувентус и Милан, а сега ја заврши кариерата на 23 години

Младиот шпански фудбалер Жоан Гонзалес, кој настапуваше за италијански Лече, ќе мора принудно да ја заврши кариерата многу порано отколку што се очекуваше поради ретка срцева болест.

Гонзалес има само 23 години, но последните прегледи кои ги направил покажале дека ризикот по неговиот живот ако продолжи со професионалниот фудбал ќе биде преголем. Гонзалес во изминатата година токму поради тие проблеми не настапи на ниту еден официјален натпревар, а за жал сега лошите вести биле потврдени.  

Шпанецот ја започна кариерата во младинската школа на Барселона, а во сениорскиот фудбал ги бранеше боите само на Лече, каде што се пресели во 2022 година. На крајот на сезоната 2022/23 интерес за него покажаа и гиганти како Јувентус и Милан, меѓутоа не дојде до некаков трансфер.