Анчелоти уште по првиот меч со Бразил почна да се жали!

Карло Анчелоти ноќеска дебитираше како селектор на бразилската репрезентација, но не помина најдобро, одигра 0-0 на гостувањето кај Еквадор.

Статистички гледано Еквадор беше и подобар противник од Бразил. Па дебито на Анчелоти не може да се каже дека беше успешно.

По натпреварот тој се пожали на теренот во Еквадор.

„Одигравме добар дефанзивен натпревар. Требаше само да бидеме подобри со топка, играта мора да ни биде потечна, но нерешениот резултат е добар за нас. Условите беа комплицирани за поинаков стил на игра. Имавме добри шанси во првиот дел“, рече Анчелоти.

„Не сакам да барам изговори, но не е лесно да се игра на ваков терен. Еквадор добро се бранеше и не беше лесно да се најде простор меѓу нивните линии. Мислам дека на мечот против Парагвај ќе биде поинаку бидејќи на домашен терен ќе играме со повеќе ритам, подвижност и интензитет“.