
Алиоски: Белгија беше зрела да падне – сега одиме на победа против Казахстан!
Алиоски, кој во последниот период игра во одлична форма за својот клуб Ал-Ахли, по подолго време блесна и на репрезентативната сцена.
„Среќен сум што дадов гол, но жалам што не победивме. Белгија е добра селекција, но имавме шанси да ја совладаме вечерва. Сега целосно сме фокусирани на дуелот со Казахстан – сакаме победа“, изјави кусо стрелецот на голот за Македонија.
Жолто-црвените со ова реми остануваат во игра за првите две позиции во групата. Сега на табелата води Велс со 7 бодови, по победата над Лихтенштајн со 3-0. Македонија е втора со 5, следи Казахстан со 3, Белгија со 1 бод од еден одигран натпревар, а Лихтенштајн е последен без освоен бод и три порази. Мечот со Казахстан ќе го одиграме в понеделник на теренот на противникот.