Гарсија признава: Македонија го заслужи овој бод!

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија вели дека тие не одиграле на најдобро ниво и Македонија сосема заслужно останала непоразена на крајот.

Белгија во Скопје допатува како голем фаворит, но не успеа да ги однесе дома целиот плен, мечот заврши 1-1.

„На пет минути до крајот сметавме дека ќе завршиме, се трудевме да го затвориме натпреварот на 1-0, но откако примивме го немавме доволно време да го вратиме водството. Немавме добар натпревар, знаевме дека Македонија знае да ги користи грешките и така беше на теренот. Македонија имаше неколку шанси, за нивна жал погодија две стативи, но на крајот го заслужија овој резултат. Влијаеа и временските услови, топлината и влажниот воздух, но и ние правевме грешки“, вели Гарсија.

Ова за Белгијците беше прв меч во квалификациите во кои ние веќе одигравме три натпревари и собравме пет бодови.