
Белгија е минато, македонските фудбалери тргнаа кон Казахстан! (ФОТО)
Момците на Благоја Милевски синоќа одиграа одличен натпревар кој дава надеж дека групата може да се заврши на едно од првите две места.
Но, за да ја одржиме таквата надеж во понеделник мора да го победиме Казахстан на негов терен.
Репрезентативците ги спакуваа куферите и заминаа кон оваа земја каде ќе го одиграат мечот во понеделник со почеток од 16 часот.
Казахстан досега одигра два квалификациски натпревари, загуби од Велс на гостински терен со 3-1 и победи во Лихтенштајн со 2-0. Мечот со Македонија ќе им биде прв домашен во овој циклус.