​Пред почетокот на денешното дерби помеѓу Вардар и Пелистер во „Јане Сандански кое е одлучувачко за титулата, РФМ го испрати во пензија Драган Начевски.

Начевски кој е едно од најголемите имиња во македонскиот ракомет во иднина поради старосната граница нема да може да ја извршува улогата како делегат, па ове дерби за него е последниот натпревар во кариерата.

Во минатото Начевски беше дел од најголемите ракометни настани како Европско, Светско првенство и Олимписки игри. Заедно со Маријан Начевски ќе се паметат како првите Македонци кои суделе европско финале.

Како делегат оствари исто така голем успех и повторно беше дел од најголемите настани, а одреден период од својата кариера работеше и во ЕХФ.