
Mитревски: Верувавме дека можеме, а кога веруваш — сè е можно!
Голманот Никола Митревски кој беше еден од најзаслужните за триумфот во Скопје, испрати и честика за организацијата на натпреварот кој помина во одлична атмосфера и без најмал инцидент.
„Пред сакам да им честитам на сите присутни тука во салата, покажавме дека може да се организира натпревар на највисоко ниво. Честитки и до моите соиграчи кои поминуваа низ успеси и падови во текот на сезоната. Од самиот почеток верувавме дека можеме, а кога веруваше се е можно. Претходните два натпревари во кои изгубивме од Вардар, немавме и среќа, денес таа среќа мислам дека беше на наша страна. Исто така и притисокот врз ракометарите на Вардар веројатно го направи своето, ние немавме што да изгубиме по поразот во Битола. Вардар беше фантастичен во првото полувреме, ние успеавме да намалиме на два, имавме технички грешки, меѓутоа одбраната беше на највисоко ниво и беше дополнување на тие грешки“, изјави Митревски.