Кузмановски: Македонија е „зелено-бела“, Битола ќе слави три дена!

Ракометарите на Пелистер со победа во Скопје од 32-30 ја обезбеди шампионската титула која за нив беше трета во низа и деветта вкупно во историјата.

Победата ќе донесе големо славје во Битола, а како што истакна Филип Кузмановски  во Битола долго ќе се слави.

„Верував во екипата од почеток до крај, бевме како едно од почеток до крај и на крајот успеавме да се радуваме. За мене ова е најголема титула, сезонава имавме многу турбуленции. Поминавме многу заедно и навистина сум горд на момците. Денес Македонија е зелено-бела, ќе славиме три дена во Битола.

Кузмановски беше и од најважните во победата во Скопје постигнувајќи седум гола.