Будуќност со пресврт го доби Партизан за израмнување во финалето!

Будуќност не дозволи уште еден „брејк“ и по победата на Партизан на отворањето на финалната серија во АБА лигата во вториот натпревар на свој терен со победа од 84-73 израмни на 1-1.

Домашните кошаркари подобро влегоа во натпреварот од самиот старт, меѓуоа Партизан не дозволи да се „одлепат“, па по негативата од шест гола разлика се врати и по првиот период на семафорот стоеше 16-16.

Подобрата игра на Партизан во завршницата како да беше најава за она што ќе следува во втората четвртина која помина во знакот на „црно-белите“. Во овој перио гостите беа подобриот тим на теренот и на пауза успеаа да заминат и со двоцифрена предност (31-41).

Но, ситуацијата се промени во второто полувреме кога од враќањето на теренот Будуќност започна да игра подобро од „минута во минута“ ја топеше предноста за во одлучувачката четвртина да влезе со водство од 56-51.

Во последниот период Партизан не само што не успеа да се врати, туку Будуќност дојде и до предност од 17 поени во еден момент (73-56). Гостите до крајот успеаа само да го ублажат поразот.

Најефикасен во победничкиот состав беше Омиќ со 15 поени, додека за Партизан по 16 постигнаа Барун и Џоунс. Со третиот натпревар серијата се сели на теренот на Партизан во Белград.