Ливерпул ја потврди најстрашната вест за Екитике!

Откако минаа сите медицински тестови, Ливерпул и официјално ја потврди повредата на нивниот напаѓач Уго Екитике.

Црвените соопштија дека Екитике нема да може да игра на Светското првенство.

„Напаѓачот мораше да биде заменет во текот на првото полувреме од мечот од ЛШ против ПСЖ на Енфилд во вторникот откако се лизна на тревникот. Скенот потврди кинење на неговата Ахилова тетива. Поради тоа Екитике ќе биде надвор од игра на преостанатите кола од клупската сезона, а нема да може да настапи ниту за Франција на Светското првенство. Понатамошни информации ќе бидат дадени во соодветно време. Уго има целосна поддршка од сите во Ливерпул“, стои во клупското соопшение.

Според прогнозите, за ваква повреда се отсуствува околу девет месеци, а тоа значи дека за Екитике и календарската година е завршена.