Во сообраќајна несреќа загина поранешен голман на Арсенал и Јувентус!

Шок во Австрија, загина поранешниот репрезентативен голман на оваа земја, Алекс Манингер, животот го загуби во сообраќајна несреќа која се случила во Салцбург, имаше само 48 години.

Информациите од Австрија велат дека Манингер загинал во сообраќајна со автомобил во која била вклучена и локалната железница во Салцбург.

Австриецот беше познат светски голман, кариерата ја почна во Салцбург, а ја заврши во Ливерпул како резервен голман во сезоната 2016/17. Во кариерата го бранеше голот на Арсенал, Фиорентина, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена, Удинезе, Јувентус... 

Има и 33 настапи за репрезентацијата на Австрија.