Ужас во Салцбург: Воз го распарчил возилото на бившиот голман на Арсенал (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Голема трагедија се случи во Салцбург, каде што загина поранешниот голман на Арсенал, Алекс Манингер откако во неговото возило удрил воз со голема брзина.

Австриските медиуми пишуваат дека Манингер сакал со неговото возило да помине на неозначен премин преку пругата, но во тој момент налетал возот со голема брзина по што го удрил од десната страна.

Возилото се лизгало низ шините околу стотина метри пред да запре поради големата брзина на возот и силниот удар.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека Манингер немал шанси да се спаси, односно докторите ја потврдиле неговата смрт веднаш по доаѓањето на локацијата.

Медиумите пишуваат дека во возот имало околу 25 патници, но ниту еден од нив не се здобил со повреди.

Фото: Arsenal FC/Facebook