Инфантино контра Доналд Трамп: Иран сигурно ќе игра на СП 2026!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) очекува селекцијата на Иран сигурно да настапи на претстојното Светско првенство и покрај политичките тензии со САД, кои се едно од организаторите на овој грандиозен настан.

Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, изјави дека нема дилема околу учеството на иранските фудбалери.

„Иран ќе дојде, тоа е сигурно. Се надеваме дека ситуацијата ќе се смири до почетокот на турнирот“, порача Инфантино на конференција во Вашингтон.

Претходно, поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека иранските фудбалери „не се безбедни“, што отвори дилеми околу нивниот настап. Мундијалот ќе се игра во САД, Мексико и Канада, а ќе почне на 11 јуни.

Иран е во група со Белгија, Нов Зеланд и Египет, а натпреварите ќе ги игра во Лос Анџелес и Сиетл. Како алтернативи се споменуваа неколку сценарија – од тоа Италија да влезе како замена, до шанса за Обединетите Арапски Емирати или дополнителен квалификациски турнир.

Сепак, по изјавата на Инфантино, ваквите сценарија засега остануваат само на ниво на шпекулации.