
Деветтата титула го комплетира првиот хет-трик на Пелистер во историјата
Непосредно по осамостојувањето на Македонија, битолскиот тим исто така беше доминантна сила во македонскиот ракомет, но дури денеска го комплетира првиот хет-трик во својата историја, односно првпат во овие 33 сезони, освојува титули во три сезони по ред. Претходно, само еднаш успеа да влезе во серија и тоа токму на почетокот, во 1993 и 1994 година.
Рекордот, сепак, го држи Вардар кој од 2015 до 2022 година освои седум титули во низа (во 2020 не беше прогласен шампион поради корона пандемијата), а претходно „црвено-црните“ имаа и четири по ред, од 2001 до 2004 година.