Хаос во Тирана уште на стартот - српски фудбалер погоден со предмет во глава (ВИДЕО)

Не поминаа ни 10 минути од натпреварот меѓу Албанија и Србија во Тирана, а веќе дојде до првиот голем инцидент.

Во центарот на вниманието беше српскиот репрезентативец Саша Лукиќ кој не можеше да изведе корнер поради домашните навивачи. Од трибините полетаа еден куп предмети, а еден од нив го погоди во главата.

Лукиќ се наведна и побара лекарска помош, до него дојде судијата Давиде Маса, но по две минути прекин, натпреварот беше продолжен.

Инцидентот на стадионот во Тирана можете да го видите на следниот ЛИНК.