Роналдо: Имав понуди, но одлучив да не играм на Светското клупско првенство!

Кристијано Роналдо потврди дека нема да настапи на Светското клупско првенство иако имал понуди од клубови кои ќе учествуваат на овој турнир.

Договорот на Роналдо со Ал-Наср е завршен, па често се шпекулира за тоа кој би бил следниот клуб на Португалецот.

„Речиси е одлучено дека нема да бидам дел од Светското клупско првенство и покрај тоа што добив многу покани и понуди“, открива Роналдо.

„Имаше разговори, контакти, но треба да размислувате на краткорочно, средно и долго ниво“.

Тој вели дека не знае кога ќе се пензионира иако е свесен дека нема да може уште долго да игра.

„Мојот менталитет е да живеам од ден за ден. Немам уште многу години за играње... но уживам во моментот“, вели португалскиот ас.

„Не сум одлучил кога ќе се пензионирам. Се чувствувам среќен, тука сум да уживам и да продолжам понатаму“.