Oд 19:30 часот денеска во салата „Јане Сандански“, Вардар и Пелистер го играат дербито кое ќе го одлучи шампионот во Суперлигата.

Двете екипи во натпреварот влегуваат со по 19 бода на табелата, а Вардар како домаќин на натпреварот организираше фан зона со забава за своите навивачи пред почетокто на средбата.

Дружбата и подготовката за натпреварот започна во 16:30 часот и на нешто помалку од половина час атмосферата е на највисоко ниво. Се очекува голема борјка и на фанови од Битола од каде што според последните информации се пријавени 300 гостински навивачи.