Кејн ги спаси Англичаните од бламажа против Андора (ВИДЕО)

Фудбалерите на Англија иако доминираа на теренот многу потешко од очекувањата славеа победа против големиот аутсајдер Андора (0-1).

На Англичаните им беа потребни цели 50 минути за да го скршат отпорот на една од најслабите репрезентаци иво светот, а човек на одлука беше напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.

Констатно се играше на половината на домаќините, упатија ѕвездите на Англија и 18 удари, имаа и над 80% посед на топка, меѓутоа во реализацијата не одеше лесно. Андора од друга страна упати само четири удари и ниту еден во рамките од голот.

На табелата Англија е лидер во групата со девет бода по три кола и тоа без примен гол. Во групата „К“ се уште Албанија, Летонија, Србија и Андора.