
Арената баук дури и за најсилните: Македонија две години нема пораз на домашен терен!
Жолто-црвените на осумте последни средби пред своите навивачи дојдоа до четири победи и исто толку нерешени средби и тоа играјќи против велесили како Англија, Италија, Белгија и Велс со кои одигравме со идентични 1-1. Во меѓувреме, пред нашите момци паднаа Фарски острови (1-0), Летонија (1-0) и Ерменија (2-0), а имаме и една победа над Ерменција на пријателска средба одиграна во Струмица (3-1).
Последниот пораз на „Градски“ на четата предводена од Благоја Милевски е од 16 јуни 2023 година, кога несреќно загуби од Украина (2-3) во меч во кој имаше убедливо водство по првото полувреме (2-0).
ФОТО: EPA PHOTO