„Салах веќе нема да го видиме во дресот на Ливерпул“

Иако Салах се врати во составот на Ливерпул, ситуацијата на Египќанецот и понатаму е една од темите за медиумите.

Салах сега оди на Африканскиот Куп на Нации и не може со сигурност да се каже дека ќе  остане во Ливерпул. На темата се огласи и експертот за говор на тело, Дарен Стенон кој тврди дека од она што го видел на последниот натпревар против Брајтон, Салах ќе ја промени средината.

„Беше многу емотивен по натпреварот со Брајтонн. Ми изгледаше буквално како да се збогува. Не очекувам повторно да го видме“, изјави Стенон.

Ќе потсетиме, договорот на Салах со Ливерпул е со важност до 2027 година. Во јавноста веќе се шпекулира и каде би можел да ја продолжи кариерата. (ТУКА)