Магдевски: Оваа победа ќе ни ја крене самодовербата за идните натпревари
Искусниот организатор на играта ја презеде одговорноста врз себе кога беше најтешко и во третата четвртина буквално сам ја крена екипата и се погрижи за комплетирање на пресвртот. Очекувано, по ваквиот настап, Магдевски е задоволен од изданието, но заслугата за победата ја припиша на целиот тим.
„Лошо го отворивме натпреварот, им дозволивме на противникот да постигнат многу лесни победи и да разиграат, особено неговиот најдобар играч Ван Бек. Се се смени кога ја сменивме нашата одбрана, почнавме да презмаме и успеавме него да го смириме. Во нападот повеќе ја движиме топката, се боревме за секоја педа на теренот и сметам дека заслужено победивме на крајот. Оваа победа ќе ни ја крене самодовербата не само пред завршните дуели од овие претквалификации, туку и во иднина кога не очекуваат уште потешки натпревари“, рече кошаркарот на МЗТ Скопје.