Чкембари дојдоа пред „Јане“ и порачаа - Скопје навива за Пелистер! (ФОТО)

Членови на навивачката група на Пелистер, „Чкембари“ ноќеска имаa герила акција пред СЦ „Јане Сандански“ во Скопје каде вечерва ќе играат против Вардар.

Неколкумина битолчани се сликаа со транспарент пред домот на Вардар на кој пишуваше: „Сите во сала игра шампионот Пелистер“.

Вечерва се очекува жешка атмосфера во „Јане Сандански“, Вардар и Пелистер се борат за титулата, а најавено е присуство на двете навивачки групи. Мечот е веќе распродаден, билети нема. Натпреварот почнува од 19:30 часот.