
Роналдо измисли нови „правила“ за Златната топка, Рибери му се изнасмеа (ФОТО)
Притоа, Португалецот посочи дека би требало овс индивидуално признание да оди во рацете кој таа година ја освоил титулата во Лигата на шампионите, веројатно сметајќи дека Јамал се уште не е достоен да Златната топка и дека таа би требало да оди кај некој од фудбалерите на ПСЖ. Освен што предизвика потсмев кај љубителите на фудбалот, оваа негова изјава наиде на реакција и кај Франк Рибери кој во 2013 година освои тројна круна, вклучувајќи трофеј во Лигата на шампионите, но Златната топка заврши токму кај Роналдо.
„А, значи треба да се освои Лигата на шампионите за да се освои Златната топка...“, напиша Рибери на Инстаграм, заедно со неколку емотикони со силно смеење.
Таа 2013 година Кристијано Роналдо не освои буквално ништо, но Златната топка магично заврши во неговите раце, на општо изненадување на љубителите на фудбалот во целиот свет. Единствената работа што ја направи тогаш беше што заврши како најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 12 гола, но Реал доживеа елиминација од Борусија Дортмунд во полуфиналето. Не ја освои ниту Златната копачка која му припадна на Лионел Меси со 48 гола. Интересно е тоа што Рибери и покрај тоа што ги освои сите трофеи со Баерн, тогаш заврши на третото место, зад Роналдо и Меси.