
Јунајтед за 100 милиони ќе донесе две мега засилувања!?
Се работи за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез и напѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш.
Се верува дека за да ги донесе овие двајца играчи на Јунајтед ќе му бидат потребни 100 милиони евра.
Мартинез важи за еден од најдобрите голмани во светот и сигурно би бил големо засилување за Јунајтед ако се земе во предвид дека сегашен голман е Онана кој често прави киксови.
На тимот му треба и напаѓач, а Ѓокереш го навлече вниманието на себе со фантастичната сезона која ја имаше во Спортинг постигнувајќи страшна бројка на голови.
Дополнително Аморим му беше тренер на Ѓокереш, па двајцата многу добро се познаваат.