
Македонија е домаќин на група од Дејвис купот, во Скопје доаѓаат пет репрезентации
Овој значаен турнир ќе се одржи во тенискиот клуб Југ во Скопје. Покрај Македонија ќе учествуваат и Ерменија, Малта, Летонија, Црна Гора и Молдавија.
Македонската репрезентација ќе ја сочинуваат Берк Бугариќ, Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ и младиот Кристијан Јанев.
За понеделник е најавена прес-конференција на која ќе бидат објавени деталите за турнирот.