
ГРК Охрид потпиша договор со 14-годишно момче - ќе игра за првиот тим!
Ракометниот „дијамант“ како што го викаат во ГРК Охрид, стави потпис на тригодишен договор со клубот.
Тој беше убедливо најдобриот ракометар на Охрид во пионерската категорија, се издвојуваше од сите дотолку што уште сега е прекомандуван меѓу сениорите.
Охрид е шампион во пионерска конкуренција, а Трајчески беше прогласен за МВП.
Иако има само 14 години, висок е 194 сантиметри, па од следната сезона ќе му се стави на располагање на тренерот Ројевиќ.