Габриел не мрда од Арсенал - потпиша нов договор!

27-годишниот бразилски дефанзивец на Арсенал, Габриел Магалаеш стави потпис на нов договор со топчиите според кој ќе добива поголема плата.

Арсенал го забетонира Габриел, тој и во иднина ќе биде значаен дел од дефанзивата на топчиите.

„Габреиел Магалеаш потпиша нов долгогодишен договор со нас“, стои во соопштението на Арсенал.

Тој вели дека е многу горд што продолжува во Арсенал и изрази надеж дека наскоро ќе освои и трофеј.

„Арсенал е неверојатен клуб и многу сум горд што потпишувам нов договор. Го сакам овој клуб, ги сакам навивачите, моите соиграчи, го сакам овој стадион. Многу сум горд и ви благодарам за целата поддршка. Продолжуваме заедно во иднината.  Се надевам дека ќе освојам трофеи со овој клуб, затоа што го сакам овој клуб, а и моето семејство го сака клубот“, рече Габриел по потпишувањето на договорот.