
Белгија двaпати со победа си одела од Скопје, само еднаш сме ја треселе нивната мрежа! (ВИДЕО)
Со Белгијците досега четирипати сме се сретнале, имаме три порази и едно реми кога ги изненадивме на нивен терен.
Тоа беше далечната 1994 година, Македонија со гол на Зоран Бошковски дојде до реми на гостувањето кај Белгија, мечот заврши 1-1.
Во истиот тој циклус квалификации за ЕП, доживеавме дебакл од Белгија. Кога дојдоа во Скопје како да сакаа да ни покажат кој е кој, па ја наполнија нашата мрежа. Мечот го загубивме со 5-0.
Следните два дуели се од квалификации за Светското првенство, двата меча ги игравме во 2013 година, двата ги загубивме.
Во Скопје Белгија победи со 2-0, головите на тој меч ги постигнаа големите ѕвези, Кевин Де Брујне и Еден Азар.
На реваншот во Белгија тие славеа со минимални 1-0, со гол на Азар во второто полувреме.