Фудбалерките до 17 и 19 години ги дознаа противниците за квалификациите за ЕП

Вчера во Нион беше одржан ждреб за новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП за жени до 17 и до 19 години.

Репрезентацијата на Македонија до 17 е во групата 5 заедно со селекциите на Италија, Финска и Хрватска.
 
Квалификацискиот турнир од групата 5 ќе се одржи пд 23 до 29 октомври, домаќин е Хрватска.

Репрезентацијата на Македонија до 19 годино за противници ги доби Словенија, Грузија, Азербејџан. 

Квалификацискиот турнир (група 5, Б лига) ќе се одржи од 25 ноември до 1 декември. Македонија е домаќин на турнирот.