
Падна договор, Киву е новиот тренер на Интер!
Поранешниот играч на Интер, Кристијан Киву ќе има нов предизвик со нероазурите, овојпат како тренер.
Тој денеска стави потпис на договор со Интер до 2027 година. Романецот ќе има сериозно тешка задача да продолжи онаму каде што застана Симоне Инзаги.
Фабрегас беше прва опција на Интер, но Комо не го пушти Шпанецот, па нероазурите се одлучија шанса да му дадат на Киву.