Португалија во пет минути направи пресврт против Германија (ВИДЕО)

Германија и Португалија вечерва го играат полуфиналето од Лигата на Нации, а на 20-тина минтуи пред крајот Португалците имаат водство од 1-2.

На стартот од второто полувреме Германија прва дојде до предност со голот на Флоријан Вирц, меѓутоа Португалија во само пет минути преку Консеисао и Роналдо направи пресврт.

Прво фудбалерот на Јувентус по еден одличен слалом го израмни резултатот во 63. минута, за само пет минути подоцна Роналдо да погоди за целосен пресврт.