Челси се засили со „детето“ на Манчестер Сити – ќе плати 23 милиони евра!

Еден од најбараните напаѓачи на Островот Лиам Делап од вечерва и официјално е фудбалер на Челси, потврди лондонскиот клуб.

Челси ја искористи клазулата во договорот на Делап која се активираше со испаѓањето на Ипсвич во понизок ранг, а според информациите на островските медиуми таа изнесувала 23.5 милиони евра. Сепак, Ипсвич успеал да договори и процент од потенцијалниот иден трансфер на напаѓачот.

Делап со Челси се обврза на верност од шест години до 2031 година.

„Знам дека пристигнувам голем клуб и гледам во каква насока оди тимот со тренерот Мареска. Верувам дека ова е идеално место за мој напредо ки развој. Сакам да победувам и да освојувам трофеи“, изјави 22-годишниот Делап.

Во изминатата сезона Делап постигна 12 голови на 37 натпревари во најсилната англиска конкуренција. 

Инаку Делап е производ на академијата на Манчестер Сити, претходно го носеш уште дресот на Стоук, Престон и Хал.