Зверев освои сет и го налути Ѓоковиќ – полуфиналето на Ролан Гарос носи спектакл! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ вечерва уште еднаш ја потврди својата одлична форма со која игра на Ролан Гарос и по борба од три часа и 17 минтуи го елиминираше Александар Зварев со 3-1 во сетови (6-4, 3-6, 2-6, 4-6).

Мечот не започна најдобро за Новак и уште во првиот гем го изгуби својот сервис, а таа предност Зверев ја задржа и до крајот на сетот за водство од 1-0. Еден брејк го одлучи и вториот сет, но сега го направи Новак и тоа во четвртиот гем кога поведе со 1-3.

Во третиот сет Ѓоковиќ продолжи да игра сигурно на свој сервис, додека Зверев не можеше да го следи темпото, па освои само два гема и Ѓоковиќ поведе со 2-1 во сетови.

Одлучувачкиот четврти сет донесе можеби и најголема борба. Ѓоковиќ на стартот од сетот го освои сервисот на Зверев, но освен тој момент, мора да издво ии поенот кога српскиот тенисер спаси брејк топка во шестиот гем. Тогаш се одигра најдолгиот поен во мечот во кој Ѓоковиќ спаси неколку тешки удари и на крајот го освои гемот за израмнување на 3-3.

 

Продолжи Новак и до крајот на сетот со високото темпо, па иако во последниот гем Зверев спаси четири меч топки, Ѓоковиќ ја искористи петтата со што закажа полуфинале со Синер.

Фото: EPA PHOTO