Тинејџерот кој договори трансфер во Реал, истиот ден сруши и рекорд

Франко Мастантуоно вчерашниот ден веројатно никогаш нема да го заборави. 

Имено, како што пренесуваат најпознатите светски медиуми тој го договори трансферот од Ривер Плата во Реал Мадрид, а потоа и дебитираше за репрезентацијата на Аргентина.

На дебито тој стана најмладиот фубдалер кој настапил за „Гаучосите“ на официјален натпревар со 17 години и 296 дена. Дебито и подобро ќе го памети бидејќи Аргентинците славеа против Чиле 1-0 со голот на Хулијан Алварез.

Имаше Мастантуоно и понуда од Пари Сен Жермен, меѓутоа се одлучи за Реал Мадрид кој за него ќе плати 45 милиони евра на рати, но ќе го остави уште една година во редовите на Ривер.