
Миленкоски: На добар пат сме, имаме нови лица кои ќе донесат свежина
Денеска силите ќе ги одмерат Словачка која е домачин и Финска, а Македонија во наредните два дена ќе се соочи со нив.
Иако е репрезентацијата под водство на селекторот, Јошко Миленкоски е подмладена во натпреварите ќе се бараат добри резултати.
„Најавивме дека Европската лига ќе ни користи како подготовка за квалификациите за Европското првенство меѓутоа не сме без амбиции и во ова натпреварување. Имавме пред две години успешен настап победивме добри репрезентации Хрватска, Белгија… Тие резултати беа добри, опстанавме во Европската лига, еве и уште сме тука. Влегуваме со амбиции, можеби составот е различен од она што претходно го имавме, имаме некои нови лица во репрезентацијата, кои треба да донесат нова свежина, нови ветрови во екипата, има одредени помлади играчи кои ќе добијат шанса и мислам дека сме на добар пат“, вели селекторот Миленкоски.
Првиот тренинг на одбојкарите во Братислава е закажан за вечерва, додека утре од 15:00 часот ќе се соочиме со Финска, а ден подоцна во истиот термин ќе ги одмериме силите со домаќинот Словачка.