ФФМ до навивачите: Дојдете порано на стадион!

Вечерва македонската фудбалска репрезентација го игра натпреварот против Белгија во квалификациите за Светското првенство, а пред натпреварот од ФФМ објавија важни информации за сите навивиачи.

Вратите на стадионот ќе бидат отворени два часа пред почетокот на натпреварот со цел да се избегне метеж при влегувањето и сите навреме да се сместат на своите места. Натпреварот започнува во 20:45 часот.

Исто така ФФМ потенцираше и дека навивачите на билетите можат да прочитаат кои предмети се забранети за внесување на стадионот.

„Важни ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на вечерашниот натпревар против Белгија на Националната арена „Тодор Проески“!

Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и да ја поддржиме нашата репрезентација!

Вратите се отвораат во 18:45 часот. Дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да си го заземете вашето место.

Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот.

Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка.

На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување.

Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност.

Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија!“, објави ФФМ.

За Македонија натпреварот против Белгија е трет во квалификациите откако претходно одигравме реми со Велс и го победивме Лихтенштајн.