Најдобар кога е најпотребно: Ѓоковиќ во спектакуларен поен спаси брејк против Зверев! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ вечерва го игра четвртфиналето на Ролан Гарос против Германецот Зверев, а во момент кој може да биде клучен и во целиот меч српскиот тенисер уште еднаш покажа дека кога е најпотребно, секогаш е на највисоко ниво.

Ѓоковиќ во спектакуларен поен кој беше и најдолгиот во мечот спаси неколку тешки удари и на крајот го доби поенот со кој ја спаси брејк предноста и не дозволи Зверев во тој момент да израмни на 3-3. Во сетови Ѓоковиќ во тој момент водеше со 2-1.

Дефинитивно момент кој може да се покаже и како клучен во целиот меч.