Силен град го одложи почетокот на полуфиналето во Лигата на Нации (ВИДЕО)

Вечерва во Лигата на Нации се игра полуфиналето помеѓу Германија и Португалија, но почекот на истото е одложен поради невремето кое го зафати Минхен.

Фудбалерите мораа и да го прекинат загревањето поради силниот град кој паѓаше, а според последните најави средбата треба да започне со доцнење од нешто помалку од половина час. Натпреварот требаше да започне во 20:45 часот.